• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Активности за запознавање на учениците

На 22 мај 2018 година, наставниците Сеад Ибраимоски и Жанета Доловани ги реализираа интегрираните воннаставни активности со учениците од трето и четврто одделение. Главните цели на активноста беа: запознавање на учениците и помнење на имињата на новите другарчиња; да се поттикнат на почитување, помагање и соработување во работата; да се развива чувството на радост и задоволство при учењето низ игра, како и поттикнување на учениците за меѓусебно соработка и помагање.