• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Рециклирање на хартија

Во текот на ноември. 2018, наставниците Арбана Села и Адила Несимоска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Рециклирање” од Секција Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Користејќи хартија од амбалажа на продукти, стари весници и списанија, учениците создадоа различни фигури и ѕиден часовник кои ги поставија во училницата.

Цели на оваа активност се:  поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.