• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Новогодишни желби

Во текот на декември. 2018, наставниците Алма Алајбегу Буџаку и Арбана Села заедно со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема  “Новогодишни желби”  од Уметничката Секција од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во мешани групи учениците изработија новогодишни изработки. Секој ученик изработи честитка за нова година и на истите ги запишаа нивните желби за новата година.

Цели на оваа активност се:  Поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за прецизно превиткување, сечење, лепење на различни видови украсна хартија, унапредување и продлабочување на позитивна емоционална атмосфера во целата група.