• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Рециклирање

Во текот на декември. 2018, наставниците Сеад Ибраимоски и Жанета Доволани заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Рециклирање” од Секцијата Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Учениците користеа хартија од амбалажи на разни продукти, стари весници и списанија итн. за да создадат изработки во различни форми. Тие, исто така, изработија неколку новогодишни орнаменти со кои ја украсија училницата.

Цели на оваа активност се: поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.