• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Есенски плодови

Во текот на ноември. 2018, наставниците Алма Алајбегу Буџаку и Арбана Села заедно со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема  “Есенски плодови”  од Уметничката Секција од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Активностите беа составени од воведни игри со цел учениците да се запознаваат со дневните теми. Учениците дискутираа за есента и промените кои настануваат во ова годишно време и користејќи разни материјали и бои, изработија неколку изработки во врска со дневните теми.

Цели на оваа активност се:  Поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, поддржување интерес и љубопитност за мешање бои и создавање нови, вежбање прецизност при нанесување на боите на подлогата за сликање.