• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Category Archives: Новости

Есенски плодови

Во текот на ноември. 2018, наставниците Алма Алајбегу Буџаку и Арбана Села заедно со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Есенски плодови” од Уметничката Секција од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Активностите беа составени од воведни игри со цел учениците да се запознаваат со дневните теми. Учениците дискутираа за есента и промените кои настануваат во ова годишно време и користејќи разни материјали и бои, изработија неколку изработки во врска со дневните теми.

Цели на оваа активност се: Поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, поддржување интерес и љубопитност за мешање бои и создавање нови, вежбање прецизност при нанесување на боите на подлогата за сликање.

Рециклирање на стакло

Во текот на јануари. 2019, наставниците Шпетиме Даци и Билјана Миновска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Рециклирање” од Секција Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Учениците користеа стаклени материјали како тегли, амбалажи од производи, итн. и со нив создадоа разновидни изработки.

Цели на оваа активност се: поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.

Рециклирање

Во текот на декември. 2018, наставниците Сеад Ибраимоски и Жанета Доволани заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Рециклирање” од Секцијата Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Учениците користеа хартија од амбалажи на разни продукти, стари весници и списанија итн. за да создадат изработки во различни форми. Тие, исто така, изработија неколку новогодишни орнаменти со кои ја украсија училницата.

Цели на оваа активност се: поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.

Новогодишни украси

Во текот на ноември. 2018, наставниците Арбана Села и Адила Несимоска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на Секцијата Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во текот на овие активности, учениците изработија постери користејќи ја техниката на печатење, како и разновидни новогодишни изработки, кои ги користеа за украсување на училницата.

Цели на оваа активност се: Поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, запознавање на учениците со одредени техники на уметничко изразување, како и оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.

Новогодишни желби

Во текот на декември. 2018, наставниците Алма Алајбегу Буџаку и Арбана Села заедно со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Новогодишни желби” од Уметничката Секција од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во мешани групи учениците изработија новогодишни изработки. Секој ученик изработи честитка за нова година и на истите ги запишаа нивните желби за новата година.

Цели на оваа активност се: Поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за прецизно превиткување, сечење, лепење на различни видови украсна хартија, унапредување и продлабочување на позитивна емоционална атмосфера во целата група.

Новогодишни изработки

Во текот на ноември. 2018, наставниците Шпетиме Даци и Билјана Миновска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на Секцијата Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во текот на овие активности, учениците изработија разновидни новогодишни изработки, кои ги користеа за украсување на училницата.

Цели на оваа активност се: Поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, запознавање на учениците со одредени техники на уметничко изразување, како и оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.

Во здраво тело, здрав дух

Во текот на ноември. 2018, наставниците Еглантина Муслиу и Вјолца Рамадановска заедно со учениците од трето одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Во здраво тело, здрав дух” од Секција Мали истражувачи на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Активностите беа составени од воведни игри и дискусии со цел учениците да се запознаат со дневните теми кои беа: Како функционира срцето? , Како растат коските? , Зошто се менуваат забите?. Учениците поделени во групи изработија изработки во врска со темите, и нивните финални изработки ги презентираа пред своите соученици.

Цели на овие активности се проширување и продлабочување на детските искуства и знаења за човековиот организам и неговите специфичности, збогатување на активниот вокабулар кај учениците со поими во врска со одбраните програмски ситуации, сензибилизирање на учениците за важноста на одговорното однесување како предуслов за зачувување на здравјето, како и оспособување на учениците за самостојно презентирање на резултатите од спроведените истражувања.

Рециклирање на пластика

Во текот на ноември. 2018, наставниците Шпетиме Даци и Билјана Миновска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Рециклирање” од Секција Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Учениците изработија разни изработки користејќи материјали од пластика. Преку овие активности учениците истовремено се здружија, уживаа и рециклираа.

Цели на оваа активност се: поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.

Рециклирање на хартија

Во текот на ноември. 2018, наставниците Арбана Села и Адила Несимоска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Рециклирање” од Секција Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Користејќи хартија од амбалажа на продукти, стари весници и списанија, учениците создадоа различни фигури и ѕиден часовник кои ги поставија во училницата.

Цели на оваа активност се: поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.

Активности за запознавање на учениците

Во текот на првите месеци од учебната 2018/2019 година, наставниците Агона Леши и Јехона Дема со нивните ученици реализираа неколку воннаставни интеркултурни активности според моделот Нансен. Цели на овие активности се: запознавање на учениците и помнење на имињата на новите другарчиња, поттикнување на почитување, помагање и соработување во работата, како и развивање на чувството на радост и задоволство при учењето низ игра.